Миле Кузмановски на 14-ти фебруари на Денот на љубовта и виното ќе одржи концерт во Универзалната сала. Ова ќе биде трет концерт на фолкерот во оваа сала, а како и на претходните концертни настапи, за кои се бараше влезница повеќе, а и овој пат ќе го придржуваат Арија бенд засилени со двете виолини на Иле и Горан.
“Годинава гостинки ќе ми бидат две Елени, и тоа Велевска и Ристеска. Досега имав два успешни концерти се надевам дека и годинава ќе биде така. Ми се полни срцето кога ќе видам сала полна со луѓе кои се дојдени да уживаат во мојата песна”, вели Миле.
“Не кани ме”, “Крал без круна”, “Што побарав од тебе, Господе”, “Роман”, “Шприцер”, “Сакам да се оддолжам”, “Место не ме држи”… се само дел од песните кои ќе бидат на репертоарот на Миле кој ги чека сите вљубеници во неговата песна да уживаат и да го слават заедно Денот на виното и љубовта.
Подготви: Редакција Музика24
