Ерос Рамацоти в година во септември доаѓа во Скопје

Во прв ред

Една од најголемите италијански музички ѕвезди  Ерос Рамацоти ќе одржи концерт во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година. Концертот ќе биде во рамките на неговата светска турнеја „Vita ce n`e’“ .

Нема потреба да се наведуваат епитети околу неговото име и кариера, доволно е само официјално да се објави дека Ерос ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА!

Неговите концертни настапи се познати како едни од највозбудливите во историјата на поп музиката. Тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продуцкија и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто Ерос доживување низ годиниве, покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.

Концертот на Еros Ramazzotti во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Sting, ако се земе во предвид капацитетот на салата. Авалон Продукција освен во Скопје, го работи и концертот на Еros Ramazzotti во софиската арена „Армеец“ која е со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 03-ти октомври.

Подготви: Филип Етмишовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели