Faithless – втори хедлајнери во првиот викенд на “Skopje Calling 2018” (Фото)

Како што веќе ве информиравме, Alan Walker е ултимативниот хедлајнер во првиот викенд на фестивалот “Skopje Calling”, на 02-ри јуни. Авалон продукција сепак се погрижи забавата да продолжи и во недела, на 03-ти јуни, за што одтаму го потврдуваат и шоуто Faithless DJ Set со Sister Bliss.

Во изминативе две години, кога Faithless мируваа со настапите во живо, нивниот препознатлив звук низ светот низ многуте светски музички фестивали го шири Sister Bliss токму со овој проект. Влезниците се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на kupikartizase низ цела Македонија и онлајн, по цена од 600 денари – Партер. Истовремено беа пуштени и блок влезници за Alan Walker и Sister Bliss по цена од 1.300 денари.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...