Фестивал на трубата во Пехчево по седми пат од 13-ти до 15-ти јули

Во прв ред

Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, од 13-ти до 15-ти јули во Пехчево по седми пат ќе се одржи традиционалниот Фестивал на дувачки оркестри, попознат како Фестивал на трубата. Како што велат од општина Пехчево, работното време на сите угостителски објекти ќе биде продолжено до 03 часот наутро за време на фестивалот. Во меѓувреме, општината го објави и огласот за распределба на 19 локации за штандови. На денешната прес-конференција тие и јавно ги повикаа сите заинтересирани, како од Пехчево, така и од цела Македонија да земат свое учество во креирањето и создавањето на овогодинешното фестивалско издание.

На 13-ти јули фестивалот ќе стартува со традиционалниот етно саем. За време на неколкуте фестивалски дена, на сцената освен натпреварувачите, организаторите ги најавуваат: групата Љубојна, Наум Петревски и Зуица Лазова, како и популарната босанска група “Црвена јабука” која и всушност на 15-ти јули ќе го затвроти фестивалот. Инаку, за време на фестивалот најавени се ревијални концерти на дувачки оркестри од Македонија, Србија и Бугарија, меѓу нив ќе ги споменеме Џамбо Агушев, Уска-Кан, Млади Агушеви, и Бојан Ристиќ од Србија.

Организаторите истакнуваат дека седмото издание на фестивалот ќе биде со беспрекорна организација, иако имале многу малку време за негова подготовка. Тие велат дека проблемот со паркинг просторот оваа година скоро и да е надминат, а во функција на фестивалот се ставени и сите сместувачки капацитети во Пехчево. Општина Пехчево и оваа година ги поканува сите оние кои сакаат да присуствуваат на неколкуте фестивалски денови уште одсега да резервираат сместување.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели