Познатиот музички фестивал “Сигет” годинава ќе биде побогато за уште едно музичко име. Како што велат од таму, македонскиот композитор и музички продуцент Кирил Џајковски ќе биде името кое ќе настапува на еден од најголемите музички фестивали во Европа, кој по традиција се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Фестивалот оваа година ќе се одржи од 11-ти до 18-ти август, а настапот на нашиот македонски музичар е закажан за претпоследниот ден, односно за 17-ти август. На сцената на “Островот на слободата”, со Џајковски ќе се појават и ТК Вондер и МЏ Восп, а освен овие музички имиња, фестивалот “Сигет” вклучува и други познати музичари и музички ѕвезди, меѓу кои ќе ги споменеме: “Пласибо”, Лили Ален, “Д Продиџи”, “Бонобо”, “Квинс оф д стоун ејџ”, “Дедмаус”… и многу други.
Подготви: Магдалена Атанасовска