Глобалната сензација “Постмодерн џубокс” со концерт во Скопје (Видео)

Со желба Скопје и Македонија да бидат навистина исполнети со различни музички доживувања на светско ниво, Авалон продукција се потруди оваа година во Скопје да ја донесе во моментов веројатно најголемата и најинтересна концертна атракција во светот, музичкиот колектив “Постмодерн џубокс” (Postmodern Jukebox), соопштија од продукцијата, која овој настан го додава во веќе богатата концертна сезона по повод својот 25-ти роденден.

Како што веќе сигурно знаете, “Постмодерн џубокс” е музички колектив којшто во тотално старомоден или винтиџ-стил го носи духот на Њуjорк во своите настапи во кои што на специфичен кабаре-начин изведува песни во опсег од “Рејдиохед” и “Уајт страјпс”, па се до Лејди Гага, “Строукс” и уште многу други.

Настапите на “Постмодерн џубокс” во суштина претставуваат врвно џез и свинг-кабаре кое наместо да одите да го гледате во Њујорк, ви доаѓа и можете да го гледате дома. Во тоа е тајната на нивните настапи низ светот кои се тотално распродадени, а за нивната гледаност на YouTube воопшто и да не зборуваме. За нивниот настап во Скопје, кој е закажан за 14-ти декември е одбрана салата на Македонската филхармонија како идеално место за ваков тип на шоу.

Билетите кои веќе од денес 14-ти јуни се пуштени во продажба, ќе може да ги побарате и онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на kupikartizase и во Југотон, по следниве цени и категории:

  • Silver seats – 1.500 денари
  • Golden seats – 1.990 денари и
  • ВИП – 2.400 денари

Најверните фанови можат да набават и ВИП пакет на веб-страницата www.postmodernjukebox.com по цени од:

  • VIP Gold – 7.025 денари со кој добивате: премиум место во првите 10 реда, средба со бендот, ексклузивен PMJ tour print limited edition и ВИП-пропусница;
  • VIP Silver – 4.560 денари со кој добивате: премиум место во првите 10 реда и ексклузивен PMJ tour print limited edition.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...