Голем концерт на “Нокаут” во Охрид

Утре 4-ти јули, во организација на Општина Охрид ќе започне манифестацијата “Бело лето” со промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад. овој настан е препознатлив за градот Охрид со што всушност станува препознатлив бренд за одбележување на почетокот на летната туристичка сезона.

Централниот настан на годинешната манифестација ќе биде спектакуларниот настап со самостоен концерт на момците од групата “Нокаут”, кои пред охриѓани и нивните гости на плоштадот во Охрид ќе го претстават нивниот албум, но и ќе ги исвират нивните најголеми хитови, кои секогаш одлично се пречекани од тамошната публика. Концертот е со почеток во 21 часот, а вечерта со свој сет ќе настапи и диџеј Насти Делукс.

Сите културни институции во Охрид, како и секоја година, така и оваа, ќе бидат вклучени во реализацијата на програмата на најдолгата бела ноќ во Охрид. Интересно е што во рамки на активностите, угостителските објекти ќе понудат попуст на своите услуги до 30 проценти, а секако се очекува свој придонес да дадат и граѓаните со своето масовно присуство, со што би се допринело за зголемување на интересот на посетителите и туристите за добра забава, како и збогатување на туристичката понуда на Охрид.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Повеќе на Музика24...