0

Голем концерт на рускиот пејач Тимати на Cacao Beach (Видео)

Во прв ред

Секоја година многумина од вас освен познатите летни дестинации, ја одбираат и соседна Бугарија како своја летна дестинација, односно, познатите и преубави песочни плажи на Сончевиот Брег и во мирното и одлично место за одмор, во преубавиот Несебар. Токму за сите вас, кои годинава сте решиле, или пак ќе решите токму ова да биде вашето место каде ќе се одморите и летувате, нашите соработници од Моко продукција од Софија, Бугарија не известуваат дека токму ова лето на 28-ми јули на познатата плажа Cacao Beach ќе гостува уште повеќе познатиот и популарен руски пејач РНБ Тимати кој зад себе има голем број на препознатливи хитови кој можеби и не сте знаеле дека токму тој ги изведува.

Gepostet von MOKO Solution am Montag, 28. Mai 2018

Оваа музичка ѕвезда која е популарна и позната во околината, на 28-ми јули повторно ќе ги изведе своите големи хитови пред своите фанови и публика, пред сите оние кои сакаат да слушнат одлична летна клубска музика. Од Моко продукција велат дека нема уште многу влезници, но доколку секако сте заинтересирани сакате да бидете дел од овој голем летен клубски настан на Cacao Beach, билетите можете да ги набавите и преку интернет. Влезниците се со цена од 50 лева (25 евра), а на денот на концерто истите ќе чинат 70 лева (35 евра).

Незаборавајте, концерт на познатиот и популарен руски пејач Тимати на сцената на Cacao Beach со почеток од 21 часот, Сончев Брег.

Подготви: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели