ГОЛЕМ OPEN AIR КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА И ВО БИТОЛА

Во прв ред

После двата одличини концерти во март годинава во Центарот за култура – Битола, Каролина ова лето се враќа во родната Битола со концерт во најубавата битолска локација, античкиот театар Хераклеја Линкестис, на 10-ти август. А следниот ден Каролина ќе одржи и open air концерт во Античкиот театар – Охрид

На концертот кој ќе трае два часа, Каролина и нејзиниот бенд ќе настапат со песните од новиот албум „Извор“, како и оние од историскиот проект „Македонско девојче“.

Специјализираниот македонски музички портал – Музика 24 како и секогаш ќе ви ја пренесе атмосферата на концертот од лице место.

Подготви: Филип Етмишовски

 

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели