И оваа година “Калабалак” на 14-ти јули во Радовиш (Фото)

И оваа година електронскиот музички фестивал “Калабалак”, кој традиционално се оддржува во Радовиш, ќе се оддржи на 14-ти јули. Своето прво издание овој електронски музички фестивал го доживува во 2015-та година со огромен интерес и оставен впечаток кај љубителите на електронската музика од Источна Македонија, како и сите кои биле дел од ова музичко доживување. Оваа година со гордост ви го најавуваме четвртото издание на Фестивалот “Калабалак#4” организирано од страна на Experience, со многу поголема продукција за загарантирано доживување на фестивалот.

Посебна чест и задоволство ни е да го најавиме Justin Mylo како главна ѕвезда на вечерта, диџеј и продуцент кој веќе има настапувано на сите најголеми музички фестивали ширум светот како “Ultra Music Festival” (Miami), Tomorrowland (Belgium), EDC (Las Vegas) и многу други. Познат е по неговите успешни соработки со холандскиот диџеј и продуцент Martin Garrix каде што заедно котираат високо на топ листите за електронска музика ширум светот. За комплетно музичко шоу ќе се погрижат диџеи од Македонија: Disconnected , Cyrillic i Ampov. Влезниците можат да се купат на www.kupikartizase.mk или на самиот влез.

Подготви: Марија Поповска

Повеќе на Музика24...