И покрај забраната за музика, на 21-ви ноември “МАРС 2016” (Фото)

Во прв ред

Во организација на Конгресниот центар “Александар Македонски” и градот Скопје, на 21-ви овој месец ќе се одржи деветото издание од Македонскиот радиски фестивал МАРС 2016. Како и секоја година и оваа, со помош на вашите гласови преку социјалната мрежа фејсбук, ќе бидат избрани најпопуларните радиски хитови на годината, селектирани од 40-на радиостаници ширум Македонија кои и покрај сите потешкотии и забрани за емитување македонска музика од страна на ЗАМП, до организаторот ги испратија своите листи со највртени македонски хитови во тековната година (листи со песни емитувани до забраната).

Од над 500 селектирани песни испеани од стотина домашни изведувачи, по пат на пристигнатата радио-селекција најзастапените хитови во македонскиот радиоетер се најдоа на финалната вечер на МАРС во избор за наградувани радиски хитови на годината. Меѓу годинашниве учесници на МАРС 2016 се: Елена Миленковска, Тара, Лозано, Влатко Илиевски, Наташа Малинкова, Пепа Димитрова, Магдалена Цветковска-Ена, ДНК, Елена Ристеска, Џина Папас Џокси…

Како што соопшти Антонио Димитриевски, кој е дел од организацијата на МАРС, во ревијалниот дел ќе се појават две еминентни музички имиња од регионот – српските поп ѕвезди Наташа Беквалац и Гоца Тржан, кои со своето присуство и изведбата на своите хитови ќе ја увеличаат програмата и го подигнат нивото и рејтингот на фестивалот. Обете регионални музички ѕвезди ќе ја понесат наградата за музичка, но и медиумска популарност во регионот, заради своите нови албуми, нови хитови, вокални квалитети, но и медиумското присуство на радиостаниците и особено ТВ како членови на жирито на популарното и многу гледано кај нас музичко талент шоу – “Пинковите ѕвездички”.

Makedonski radiski festival_posterИнаку, изведувачот чија песна ќе биде прогласена за апсолутен радиски хит на 2016-та година добива парична награда која е зголемана за 20%, односно од 60.000 на 72.000 илјади денари. Изведувачот на песната која ќе добие најмногу лајкови од фановите на фејсбук фан страницата на МАРС 2016 и како нивни избор ќе добие награда која исто така е зголемена зголемена за 20% – од 30.000 на 36.000 илјади ден. И конечно наградата која до лани изнесуваше 10.000 (сега е 18.000) илјади денари ќе ја понесе авторот на најдобар текст на една од финалните песни. Оваа награда традиционално ја избираат естрадните новинари од дневните весници, естрадните магазини и интернет портали во Македонија. Сите останати добитници на наградите покрај статуетките и материјалните подароци од спонзорите на фестивалот, ќе добијат плус парична награда од 12.000 илјади денари.

Наградите од Македонскиот радиски фестивал ќе добијат уште неколку познати и заслужни домашни музички имиња. Првата е специјално признание “Трајни вредности” за особени заслуги во развојот, популаризацијата и афирмацијата на македонската музика во Македонија, која Македонскиот rадиски фестивал МАРС ја доделува на една македонска музичка легенда овој пат istata оди кај Џина Папас Џокси. Втората пак од МАРС-Старс програмата, е наградата “Ѕвезда што се раѓа” и неа ќе ја добие едно младо музичко име во Македонија кое имало најголем напредок во кариерата во тековната година. Тука се уште наградите “Фестивалски асови” за најнаградувана фестивалска песна, наградата за најдобра поп песна со фолк или етно мотиви, партнерство за хит … и сл.

Доколку забраната од ЗАМП за емитување во радио и ТВ етерот на домашна музика биде симната, односно престане да важи, Македонскиот радиски фестивал како и до сега ќе оди со директен ТВ пренос проследен на првиот сервис на Македонската телевизија. Во спротивно, националниот сервис само ќе ја снима манифестацијата, а кога ќе се создадат услови и можности, истата одложно ќе ја емитува на своите програми. Домаќини на деветото фестивалско издание на МАРС и овој пат ќе бидат две еминентни естрадно-новинарски имиња: Слободанка Илиева од Вистина.мк и Марина Костова од Република.мк.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели