Каролина Гочева со концертна промоција на “Извор“ во Битола

Во прв ред

Авалон продукација денеска објави детали за промотивните концерти на новиот албум “Извор“ на Каролина во Битола.

Концертите ќе се одржат во Центарот за култура на 27 и 28 март, со почеток во 20 часот. Исто како и за скопските концерти, концептот ќе биде следен: Во првиот дел ќе бидат изведени песните од новиот албум на Каролина, додека во вториот дел од концертот ќе бидат изведени најубавите песни од проектот “Македонско девојче“.

Влезниците по цена од 500 денари ќе бидат пуштени во продажба од среда, во 09 часот, на следниве продажни места: Тобако “Brothers“, ТА Атлантис, Центро Трејд, ТА Тео травел, Т.А Бела Роза 2 и ЈК Травел. Со секоја купена влезница, следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“.

Подготви: Филип Етмишовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели