Во прв ред

Конкурсот за “Јелен Демофест” отворен за бендовите од Балканот

Конкурсот за “Јелен Демофест” официјално започна во саботата, 15-ти март. Организаторите велат дека за само неколку дена од стартувањето, на својот меил имаат добиено илјадници пријави од балканот и пошироко, што самиот податок говори дека од година во година се зголемува популарноста и заинтересираноста за овој вид на фестивал. Бендовите на конкурсот можат да се пријават преку официјалната веб страна на фестивалот, www.demofest.org, во делот за натпреварувачи каде што можат да ја најдат и пополнат електронската пријава. Со истата, организаторите од Вас бараат да испратите две авторски песни, фотографија од бендот како и текстови од песните и заедно сево ова да го испратите на нивниот маил: [email protected]. Непотполните пријави нема да бидат воопшто разгледувани, велат одтаму. Конкурсот ќе биде отворен до 15 април.

Единствен услов за бендовите кои сакаат да се пријават на овој фестивал, а мораат да го исполнат, е следниов: материјалите со кои конкурираат да не бидат досега издадени преку некоја од музичките издавачки продуценски куќи во Македонија. По завршувањето на конкурсот, стручното жири ќе одбере 30 бендови кои ќе имаат можност пред публиката да настапат на една од квалификационите вечери.

Шест или повеќе бендови, оваа година ќе се борат во финалето за престижната награда која и оваа година ќе има само една цел – на бендовите кои ќе ја однесат титулата најдобри, да им овозможат што и го заслужуваат, а тоа е успех. Од “Јелен Демофест” велат дека и оваа година, како и изминатите шест досега, пресуден ќе биде квалитетот на пријавените бендови.

Минатогодишните победници, бендот “M.O.R.T.” со полна пареа работи на снимањето на својот албум кој наскоро ќе биде завршен, а истовремено се во завршна фаза на одбирањето на песна за кој музичката телевизија MTV ќе снима видео спот, како втор дел од наградата. Сите присутни на овогодинешното издание на “Јелен Демофест” ќе имаат можност премиерно да ги преслушаат песните од нивниот нов албум, на седмото издание на фестивалот кој ќе се оддржи во втората половина на јули, на засега непозната локација. Резултатите од овогодинешниот конкурс ќе биде објавен на 15-ти јуни, како и членовите на стручното жири.

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 оваа година ќе биде единствен македонски музички медиум, а еден од многуте балкански медиуми кои ќе го подржат овој голем музички настан.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: