Легендарната група “Меморија” најавува голем концерт на 18-ти ноември

Во прв ред

Групата која што некогаш беше број 1 во Македонија, полнеше дискотеки и кафулиња конечно се враќа на македонската музичка сцена со голем концерт кој што е закажан за 18-ти ноември, а картите веќе се пуштени во продажба. Концертот ќе се одржи во Метрополис арената, пробите се веќе започнати. Важна информација за сите фанови е дека првите 1.500 карти ќе се продаваат во пакет со албум кој ги содржи најубавите балади на Меморија, така да побрзајте и набавете си карта за овој концерт. Картата чини 500 денари. Сите информации поврзани со настанот можете да ги следите на нивнта Фејсбук страница VIS Memorija.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели