0

Лени Кравиц доаѓа во Скопје (Фото)

Во прв ред

После најавата за концертите на Ерос Рамацоти и Том Одел, од Авалон продукција ни најавуваат уште едно големо име од светската музичка сцена, секако, станува збор за големиот Лени Кравиц. Како што не известуваат од Авалон, во рамките на европската турнеја по повод излегувањето на новиот албум “Raise Vibration”, Лени Кравиц ќе го посети и Скопје на 3-ти мај во ВИП Арената.

Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на Лени Кравиц во амбиент на затворено. За ексклузивноста на скопското шоу доволно говори и фактот што во оваа турнеја не се опфатени градови како што се Белград, Загреб и Атина. После минатиот албум “Strut”, којшто беше навистина извонреден, никој не очекуваше дека Лени во толку краток период ќе се појави со уште едно толку квалитетно дело, но сепак, “Raise Vibration” е на ниво на неговите најдобри албуми досега, а последниот радиски хит “Low” им е веќе добро познат на сите.

Концертите на Лени Кравиц влегуваат во оние настани што се MUST SEE BEFORE YOU DIE, бидејќи претставуваат врв во концертната индустрија. “American Woman”, “Are you gonna go my way”, “Believe”, “Fly Away”, “Again”, Let love rule”, “Chamber”… се само дел од хитовите кои ќе имаме можност да ги слушнеме во Скопје, во сала со капацитет од 8.000 илјади посетители. Сите детали околу влезниците за овој концерт ќе бидат објавени во понеделник навечер.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели