Мјузиклот “Коштана” и пред струмичката публика

Во прв ред

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот мјузикл “Коштана” од Борисав Станковиќ, во музичка адаптација на Влатко Плевнеш, ќе се игра на сцената на домот на културата “Антон Панов” во Струмица, на 1-ви септември. “Коштана” е музичката ѕвезда Силвана Мучиќ Плевнеш, а Митке актерот Илија Струмениковски. Играат уште и бројни актери и музичари. Струмичани ќе имаат можност да уживаат во неповторливата и оригинална изведба на Силви на “Шано душо”, “Отвори ми бело Ленче”, “Крај Вардара седеше”… Издаден е и албум со песни од театарската претстава “Коштана” во издание на “Сил-вла” продукција и веќе се наоѓа во продажба. Мјузиклот се игра десеттина години, а оваа сезона ја почна летово, со претстава во Долни Сарај во Охрид.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели