Музичка бајка во Скопје: Стинг емотивно ја “разбуди” македонската публика (Фото)

Во прв ред

Како никогаш досега македонската публика не била толку заинтересирана и не се барало карта повеќе откако воопшто се случуваат концерти во ВИП арената “Борис Трајковски”. Стинг кој одлично и без око да му трепне ја наполни, преполни оваа арена во која што немаше кој а да не уживаше во неговите безвременски хитови. Авалонци како и секогаш, и овој пат се покажаа како одлични организатори на еден голем светски музичар, уметник кој всушност и знае со кого и како фатил работа. Точно навреме и започна големиот концерт за кој што многумина од нас со нетрпение го чекаа и одбројуваа да дојде тој ден.

Со “Добровечер Македонијо”, ја поздрави присутната публика која веруваме не беше само од Македонија, туку тоа беше публика речиси од целиот Балкан. Концертот стартуваше со композиции од неговиот син кој претходно и беше најавен како специјален гостин на концертот на Стинг. 10.000 илјадната публика со нетрпение го очекуваше токму него, тој да се појави и да ги започне своите најдобри хитови, песните кои што се вели ги слушаме од мали и со нив израснаа голем број на генерации.

После 5-10 минути се појави Стинг кој се однесуваше како да не му е првпат на македонската сцена. Следеа голем број на хитови, меѓукои и предобрата, легендарна и совршено подготвена “Englishman in NewYork” која што специјално за македонската публика и во оваа прилика неговиот бенд ја отсвири во специјална концертна преработка.

Првиот дел од концертот помина во брз ритам, брзи и певливи песни, позитивна и разиграна адмосфера и секако весела и радосна публика, вториот пак дел, беше посветен на оние постарите композиции, големите хитови на “Police” и Стинг каде заедно со публиката адмосферата беше речиси совршена.

На крајот од целиот спектакл, како што започна така и заврши. Публиката го повика на бис, а тој со задоволство се врати да ја отпее и последната композиција “Fragile” која што беше вистинско уживање и едноставно емотивно ги поздрави сите кои во тој момент, таа вечер беа присутни на концертот. Веруваме дека многумина од вас се би дале да можеа да присуствуваат на концертот кој и не беше концерт, туку волшебна неопислива бајка, која само течеше и течеше… Но за сите вас кој немавте можност и ете од многу причини не присуствувате на овој концерт во 2017-та, од Авалон продукција кој досега докажаа дека се број 1 во Македонија за концерти, најавуваат уште една, а можеби и повеќе вакви средби, концерти, спектекли во 2019-та, но дотогаш како велат повозрасните, да сме живи и здрави, а она што поминува и не може да се врати, но сепак Стинг, долго ќе се памети и прераскажува.

Подготви: Иван Јосимовски

Фото: Авалон продукција/Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели