Во прв ред

На 22-ри септември џезот се враќа во Куманово, Четкар главна ѕвезда (Фото)

По пауза од повеќе години, џезот се враќа во Куманово, повторно во форма на фестивал. Настанот ќе се оддржи на 22-ри септември, со почеток во 20 часот, во големата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев”. Музичката програма е составена од “МС бенд” и “Филип Стевановски бенд”, додека ѕвезда на вечерта ќе биде еден од најпознатите македонски џез музичари Владимир Четкар со својот бенд.

Како што изјавија организаторите, идејата за организација на фестивалот не само што потекнува од прекинатата традиција туку и објективната потреба да се продолжи овој извонредно екстензивен културен настан. Институтот за наука, уметност, култура и спорт – Куманово во своето планирање се одлучи за преземање на организацијата на џез фестивалот со цел истиот да се одржи и да прерасне во традиција која ќе се одржува секоја година.

Со организирањето на овој фестивал не само што ќе се привлече внимание за музичкото структуирање и излез од секојдневните музички форми, туку и ќе се покаже еден нов квалитет на џез музиката. Се надеваме дека настанот ќе привлече големо внимание со оглед на интересот кој постои не само кај граѓаните од Куманово туку и пошироко, велат организаторите. Билетите за фестивалот се веќе пуштени во продажба, по симболична цена од само 100 денари.

Подготви: Виолета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: