Во прв ред

На 6-ти фебруари и Скопје го прославува роденденот на Боб Марли (Видео)

По повод одбележувањето на 70-от роденден на легендарниот Боб Марли, домашните почитувачи на реге музиката во скопскиот клуб “Блок 20” на 6-ти фебруари со почеток во 22 часот, па се до раните утрински часови ќе се забавуваат и одбележат роденденот како што тие велат на растафаријанскиот духовен водач и музичар Боб Марли. На оваа голема целовечерна забава свое учество ќе земат повеќе македонски бендови, музичари како и ди-џеи кои ќе свират и изведуваат песни од големиот опус на познатиот Марли, меѓу кои ќе ги споменеме кавер бендот “Коноп”, “Пука бенд брука”, “Нети фијат СС”, “Мастрафизам саунд систем”… и многу други.

Poster_rodenden na Bob MarleyДенот на раѓањето и смртта на Боб Марли се одбележуваат насекаде низ светот, а Македонија е само една од земјите кои на скромен начин му одаваат почит на овој голем познат светски уметник музичар и борец за човековите права и слобода.

http://youtu.be/entURmkaYIY

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: