Во прв ред

На ваше барање доаѓа “Живот во Македонија” (Фото)

Познатиот стенд ап комичар Неша Бриџес повторно во Скопје. Местото за подобар живот и начинот како истиот да го реализирате е Домот на АРМ на 17-ти март со почеток во 20 часот. Овој пат тој доаѓа да ве ослободи од нервозата, депресијата, стресот, лошите мисли и да ви донесе смеа, радост, еуфорија, забава и лудо поминато време. Затоа што, верувале или не, само тој може да го направи тоа, затоа што е еден од најдобрите, луд, откачен, оргинален и своеглав.

Најдобриот стенд ап комичар на Балканот Неша Бриџес само за вас ја носи најновата претстава, премиерно и за прв пат кај нас “Живот во Македонија”. Карти во предпродажба преку продажната мрежа kupikartizase по цена од 300 денари до 10-ти март и 350 денари до 17-ти март.

Подготви: Дениза Илиевска

Можеби ќе ве интересира: