Во прв ред

Најголемата балканска дива Цеца повторно со голем концерт во Охрид

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца на 28-ми јули ќе одржи голем концерт во Охрид, на стадионот “Билјанини Извори”. Со песните од новиот албум: “Анџео другог реда”, “Лажов ноторни”, “Аутограм”, “Јадна ти је моја моч”, “Трепни”, “Дидуле”… и многу, многу други безвременски хитови, мега популарната и најбарана балканска дива Цеца Ражнатовиќ веќе полни концертни сали и стадиони низ целиот свет.

Овој пат на ред е нашиот “македонски ” Охрид, каде Цеца ќе приреди повеќечасовен концерт за паметење на кој ќе одекнуваат нејзините најголеми хитови. Како што велат организаторите, ни претстои вечер исполнета со многу изненадувања, музика и забава. Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се набават преку продажната мрежа на kupikartizase, Пола Југотон и Цвеќара Розе – Веро 2.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: