Во прв ред

Неочекувано: Саша Ковачевиќ пристигна во Прилеп?! (Фото)

Во неколку наврати досега Ве информиравме, пишувавме за големата летна турнеја на мега популарниот Саша Ковачевиќ низ градовите во Македонија. На големо се зборува за празникот на девојките, неговата верна публика и деновите кога и каде тој настапува.

Првиот концерт популарниот Ковачевиќ ќе го одржи на 24-ти јуни во градот на конзулите, градот Битола на ракометното игралиште, вториот пак концерт на 1-ви јули во спортската сала “Јасмин” во Кавадарци. Третиот концерт Ковачевиќ ќе го одржи само еден ден потоа, односно, на 2-ри јули во спортската сала “Парк” во Струмица и четвртиот и последен концерт кој што ќе ја одбележи оваа летна турнеја ќе се одржи на 31-ви јули на Билјанините извори во Охрид. Овој последен концерт се најавува и како голем спектакуларен концерт за ова лето.

Sasa Kovacevic_posteri niz prilepИ додека женската популација се подготвува за концертите на омилениот Саша, девојки од Прилеп деновиве го преплавија градот со постери и промо материјали за неговото гостување, неговиот прв концерт кој ќе се одржи во Битола. За да не Ви раскажуваат останатите и потоа да ви биде жал и да се чувствувате тажно, не пропуштајте да бидете дел од одличните веќе најавени концерти и во опуштена и летна адмосфера да се забавувате со веќе познатите негови хитови.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: