Неврокопски Ансамбл се претстави пред македонската јавност

Во прв ред

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски синоќа го пречека и беше домаќин на градоначалникот на град Гоце Делчев Бугарија и нивниот познат Неврокопски Ансамбл за народни песни и ора кој настапи во рамките на Скопското лето 2014 на плоштадот Филип Втори Македонски, во организација на Универзална сала од Скопје и НУ “Танец”, а во покровителство на град Скопје.

Неврокопскиот ансамбл за народни песни и ора во 60 минути ја презентираше пред скопската публика народната песна, народната игра и традиционалните фолклорни и етнографски богатства на бугарската нација. На концертот присуствуваа еминентни личности од Македонија и Бугарија, меѓу кои директорката на Универзална сала Вера Бошковска и директорот на НУ “Танец” Зоран Џорлев.

Ансамблот досега има настапувано на околу 4.000 концерти со турнеји во Полска, Унгарија, Канада, Русија, Италија, Холандија, Германија и Египет. Тие во својата богата биографија имаат повеќе национални и меѓународни награди, меѓу кои и последната титула – Репрезентативен ансамбл и орден Кирил и Методиј – прв степен.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели