Од 31-ви август до 4-ти септември “Пиволенд” во Скопје

Во прв ред

И оваа година на скопското кале ќе се одржи познатиот “Пиволенд” кој што ќе се потруди да ја вжешти адмосферата во Скопје и да Ве опушти пред официјалното започнување на новата работна сезона, на училишните и студентски обврски и секако на се она што Ве очекува со започнување на месецот септември. Организаторите откриваат само мал дел од изведувачите кои ќе се погрижат за одличното расположение.

Па меѓу учесниците ќе ги споменеме: “Студени нозе” кои ќе Ве потсетат на добро познатите стари хитови, а сите оние кои сакаат одлична вечер помината со добра македонска музика, заедно ќе ги пеат познатите рефрени од македонскиот фолк пејач Ефто Пупиновски. Сите носталгичари ќе имаат можност да уживаат во легендарните и никогаш незаборавни песни на “Рибља Чорба”, а сите оние кои ќе присуствуваат на годинешното издание на “Пиволенд”, ќе имаат ретка привилегија да ги чујат “Трибјут ту Колдплеј”, енергична рок музика од светските топ листи.

И на овогодинешното фестивалско издание ќе се дегустираат над 150 видови на пиво од сите страни на светот, интересно и примамливо е тоа што сите тие ќе бидат по промотивни фестивалски цени комбинирани со најдобрата македонски скара. Покрај музичкиот и гастрономскиот дел, во текот на петте фестивалски денови предвидени се и многу забавни активности за сите посетители. Тоа значи дека ќе има три бини, од кои едната (Bla Bla & Music Circle) традиционално е резервирана за млади македонски артисти од сите музички жанрови кои сакаат да се промовираат пред домашната публиката.

За да земете учество на “Пиволенд 2016”, треба да ги испратите вашите демо снимки на мејлот: [email protected], како и на фaн пејџот на Music Circle.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели