Од денес во продажба влезниците за “Superstar weekend”-от

Во прв ред

Како што веќе знаете, нашиот музички портал веќе пишуваше и ве информираше за “Superstar weekend”-от кој што ќе се одржи на 19-ти и 20-ти мај кога ќе се одржат веќе најавените и долго очекувани концерти на неповторливата Драгана Мирковиќ и балкански познатиот Аца Лукас во ВИП арената “Борис Трајковски”. Како што не известуваат организаторите, влезниците за веќе споменатите концерти ќе бидат пуштени од денес 20-ти март преку продажната мрежа на kupikartizase.

Инаку, влезниците ќе бидат поделени во неколку катагории и тоа:

  • Партер влезници – 350 денари (блок влезница 600 денари)
  • Фан пит и golden seats влезници – 500 денари (блок влезница 850 денари)
  • Silver seats влезници – 400 денари (блок влезница 700 денари) и
  • ВИП влезници – 800 денари (блок влезница 1.400 денари)

Освен овие категории на влезници, ќе бидат пуштени и блок заеднички влезници кои ќе важат за двата концерти и истите освен преку продажната мрежа на kupikartizase ќе можете да ги набавите и on line преку нивниот продажен сајт. Како што веќе Ве информиравме концертот на Драгана Мирковиќ кој е во склоп на нејзината турнеја “Една од милион” која опфаќа 19 града во регионот ќе се одржи на 19-ти мај со почеток од 21 часот. А веќе следниот ден, на 20-ти мај со почеток во 21 часот Аца Лукас ќе одржи спектакуларен
концерт кој е дел од неговата турнеја “Најголемите журки на Балканот”.

Спектакуларнита бина и продукција ќе бидат само дел од многубројните изненадувања за фановите на Драгана Мирковиќ и Аца Лукас. “Superstar weekend”-от е во организација на продукциските куќи Skymusic и Music Edition.

Подготви: Виолета Трајковска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели