40 години Бјело Дугме: Одличен концерт, но без емоции (Фото)

Во прв ред

Вчера вечер во спортската арена “Борис Трајковски” се одржа долго најавуваниот и очекуван концерт на Бјело Дугме и Ален Исламовиќ, кои патем оваа година слават 40 години од своето постоење, што сепак е за почит и посебно внимание. И како и секој концерт впрочем најавен во одредениот час и време, и овој доцнеше некои 30-на минути кои за разлика од некои други во минатото не е нешто страшно. Полната спортска арена си го кажа своето, Бјело Дугме вреди да се види и да се поминат неколку исполнети часа со добра музика која ќе не потцети на некое време, а младите само ќе ги дорасположи.

На сцената се појавија токму тие, големиот Горан Бреговиќ со својот оркестар за свадби и погреби за кој едноставно ќе кажеме секоја им чест. Со зборовите: “Кој не полуди, тој не е нормален! Гас, гас”, започна концертот каде што тие ги исполнија “Ово је Балкан” и “Гас, Гас”, песни кои ја поткренаа публиката и расположението се искачи на најголемо можно ниво.

Bjelo Dugme_koncertА по извесно време на сцената се појави и Ален Исламовиќ на кој публиката реагираше бурно, позитивно и со големи аплаузи и овации. “Након свих ових година”, “Лажеш злато лажеш душо”, “Ружица си била”, “Ѓургевдан”, “Хајдемо у планине”… беа само дел од хитовите на оваа на далеку позната рок група од поранешна Југославија која и покрај се опстои на балканската музичка сцена. А за време на изведбата на “Липе цвету” во публиката се појавија и југословенски знамиња кои за момент станаа атракција и речиси сите во опкружувањето сакаат да се сликаат со него.

Bjelo Dugme_koncertСекоја чест за организаторите Авалон продукција, која што и овој пат се покажа и во вистинско светло докажа, она што илјадници пати претходно имавме можност да го видиме во нивна организација и продукција, дека се може да биде беспрекорно што се однесува до организацијата на еден ваков голем концерт. Но она што најмногу на нас како новинари ни падна во око, е тоа што на неколку наврати при изведба на дел од песните Горан Бреговиќ и Ален Исламовиќ заедно со оркестарот во позадина застануваа и повторно и повторно се обидуваа да ја отсвираат таа песна. А некаде при крајот на концерот речиси цела публика забелележа како цедето кое всушност свираше во позадина застана на неколку пати, а публиката на тоа секако бурно и незадоволно изреагира со “Уааа” наменето за на некој начин измамата за она дека тие цело време свират во живо што се докажа дека не е така. Дури и самиот Бреговиќ накратко кажа дека цедето прескокна па ајде да се обидеме повторно. Тука се прашуваме дали вчерашниот концерт беше всушност концерт на матрица или на плејбек? И дали трубачите на сцената свиреа само на момент или само ја следеа матрицата за да се биде во ред?

Bjelo Dugme_koncertВчерашниот концерт беше одличен, но без емоции. Освен што го засени она што на неколку пати се случуваше за време на истиот, познатиот и на далеку популарен Ален Исламовиќ песните ги пееше без некоја посебна емоција и контакт со публиката кој на неколку наврати како да беше збунет на сцената па Бреговиќ кој беше веднаш до него мораше да ја “извади ситуацијата”, едноставно, како тоа да беше: “Дојдов, испеав, си заминав”.

Како и да е, зад нас е еден одличен концерт на најпознатата балканска рок група која што ја наполни спортската арена “Борис Трајковски” и за момент не наврати неколку децении наназад во времето кога се пееја и беа познати нивните најголеми хитови.

Подготви: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

4 Коментари

Коментарите се затворени!.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели