“Охрид фест” подготвен за својот старт (Фото)

Вчера околу 12 часот напладне во хотелот Александар Палас во Скопје, се одржа првата официјална прес-конференција  по повод одржувањето на 21-то издание на летниот музички фестивал “Охрид фест”. Како и секоја година досега, така и оваа, фестивалот традиционално ќе започне со вечерта на детски песни “Чунга Лунга” и тоа на 20-ти август. А потоа следуваат, на 21-ви фолк вечерта, 22-ри поп вечерта и 23-ти август, која всушност е и последна фестивалска вечер, ќе се одржи интернационалата вечер.

Исто како и минатата година, и оваа “Охрид фест” ќе се одржи на кејот од Охридското езеро, а како што дознава Музика24, за прв пат во историјата на овој фестивал, истиот ќе биде пренесуван од голем број на тв куќи како од балканот, така и од пошироко. Па така, за прв пат овој наш познат летен музички фестивал ќе биде пренесуван во живо од националната Турската радио телевизија – ТРТ, ТВ Шансона – Русија, ТВ З1 – Хрватска, Балканика – Бугарија, Визион – Албанија, Свет + – Србија, ТВ Хајат – Босна и Херцеговина, Коперникус – Србија, ТВ  Бела Аме – Србија, ТВ Атлас – Црна Гора… и многу други.

Како што веќе пишувавме во неколку наврати досега, на овогодинешното 21-во издание на “Охрид фест” свое учесто ќе земат голем број на познати и реномирани македонски, но и балкански музички имиња. Едни од многуте кои ќе настапат на интернационалната и последна вечер се и познатите Хелена Благне, Тинкара Ковач како и Нуша Деренда. А како изненадување на оваа вечер ќе биде и познатата Надја Захор која ќе отпее песна на четири различни јазици, па така во еден здив ќе може да слушнеме англиски и хинду јазик. Тука никако нема да ги заборавиме и учесниците од другите земји, па така познатиот рапер Устата кој ни доаѓа од Бугарија ќе настапи со дуетска песна со познатиот Аристос Константину од Кипар, Бојан Маровиќ од Црна Гора, Романа Паниќ ни доаѓа од Србија, додека Игор Цукров од Хрватска…

Ohrid festСпецијалираниот македонски музички портал Музика24 и оваа година ќе биде еден од медиумските покровители кои ќе го проследи во целост овој музички фестивал и секако редовно ќе ве известува за сите случувања кои се поврзани со истиот.

Подготви: Синиша Новевски

Повеќе на Музика24...