Организаторите изненадени, очекуваат голем број на луѓе

Во прв ред

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 дознава дека на 1-ви ноември оваа година ќе се одржи првиот по ред “Dream Live Festival” во градот Битола. Како што дознаваме, овој фестивал ќе се одржи во спортската сала “Младост”, а на истиот ќе учествуваат три европски и два локални познати DJ-и кои ќе се погрижат за одличната забава на присутната публика. Како странски DJ- и на сцената ќе се појават познатите: Dino MFU, Gabriel Russel (Slick Beats) и Nick Kapa, а како локална поддршка на овој фестивал, на сцената публиката ќе може да ужива со DJ-ите: Ricardo Hernadnez и Aleksandar Galoski.

Организаторите за Музика24 изјавуваат дека веќе се изненадени од тоа како за толку брзо време почна да расте продажбата на картите, а истите се пуштени само пред 5 дена. Тие очекуваат полна сала, многу фанови и подржувачи на овој фестивал и музика. Билетите за првиот “Dream Live Festival” можете да ги набавите во продажната мрежа на интернет продавницата Купи карти за се по цена од 200 денари, а за повеќе информации за и околу првото издание на “Dream Live Festival”, можете да се информирате на нивната фејсбук фан страна со кликнување на следниот линк: “Dream Live Festival”.

Специјализраниот македонски музички портал Музика24 е еден од медиумски покровители на првото издание на фестивалот “Dream Live Festival”, а со самотот тоа, се што е поврзано со истиот можете ексклузивно да го прочитате токму тука, на нашиот музички портал.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели