Во прв ред

Парче Куба на “Пиволенд”

Повеќе од 40 различни пива и кубанско изненадување на отварањето на “Пиволенд”. На 11-ти септември во среда во организација на здружението Пиволенд и град Скопје на старо – новата локација Скопското кале започнува шестото издание на гурманскиот фестивал на пивото, “Пиволенд”.

Љубителите на пивото оваа година ќе имаат можност да дегустираат повеќе од 40 различни видови на пиво од повеќе земји. Покрај домашните пива ексклузивно оваа година “пивопијците” ќе имаат можност за дегустација на повеќе видови на англиско пиво, незаменливите чешки и германски пива, како и повеќе видови на пиво од балканскиот регион. Во музичкиот дел од програмата на отварањето на фестивалот во среда, покрај веќе најавените изведувачи и диџеи, посетителите ќе имаат можност да го проследат настапот на еден од најдобрите кубански бендови – Habana mix. Бендот е составен од 9 членови меѓу кои и еминентни уметници и универзитетски професори, кои ќе свират музика која ќе ја разигра и најчуствителната музичка публика.

Па гурмани од Македонија бидете спремни за голема пивска експлозија на вкусови, музика и забава и посетете го најголемиот фестивал на пивото во Скопје од 11-ти до 15-ти септември. “Дојди види испиј, да го запениме Kале!”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: