После охридскиот концерт, Цеца ќе пее и на “Тиквешки гроздобер 2018” (Фото)

Во прв ред

Балканската фолк-ѕвезда Цеца Ражнатовиќ ќе пее на последната вечер од манифестацијата “Тиквешки гроздобер 2018” во Кавадарци. Гроздоберот ќе почне на 7-ми септември, а ќе заврши на 9-ти септември со концерт на Цеца.

Првиот ден на “Тиквешки гроздобер 2018” ќе настапат SAF Sound system и DJ George, Слаткар и Криско. Вториот ден, односно, на 8-ми септември посетителите ќе ги забавуваат фолклорниот ансамбл “Тиквеш”, “Љубојна”, “Некст тајм”, Џамбо и оркестарот “Агушеви”, DJ Sandy Rivera и DJ Mossel. На 9-ти септември пак ќе настапи бендот “Happy end”, а по нив во 22 часот ќе почне концертот на Цеца.

Покрај музичката програма, предвидени се и многу други настани, како дегустација на вино, трка на келнери, уметнички работилници, карневалско дефиле, таблијада, изложба на олдтајмери и слично.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели