Во прв ред

После Скопје и Охрид, Каролина со концерти во родната Битола

Познати се сите детали околу промотивните концерти на новиот албум “Извор” на единствената Каролина во нејзината родна Битола. Концертите ќе се одржат во Домот на културата на 27-ми и 28-ми март, со почеток во 20 часот. Исто како и за скопските концерти, концептот ќе биде следен:

Во првиот дел ќе бидат изведени песните од новиот албум на нашиот најголем супербренд, додека во вториот дел од концертот ќе бидат изведени најубавите песни од проектот “Македонско девојче”. Влезниците по цена од 500 денари веќе се во продажба, преку продажнната мрежа на kupikartizase и онлајн.

Со секоја купена влезница, следува подарок луксузно дигипак издание од албумот “Извор”.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: