Во прв ред

Преку музички проект младите од Струмица во хуманитарна мисија

Како и во многу наврати досега, така и овој пат, специјализираниот македонски музички портал Музика24 ги подржува младите и нивните проекти кои се поврзани со македонската музика. На 24-ти овој месец младите од Струмица, односно, младите на Црвен Крст – Струмица, организираат свечено отворање на нивниот нов проект, станува збор за емисијата насловена “Младите се на потег” која што ќе се снима во НУЦК “Антон Панов” во Струмица. Како што вели раководителот на овој проект, воедно и Главен и одговорен уредник на оваа емисија Дејан Трендов, оваа емисија ќе биде од хуманитарен карактер, а финансиите собарани од снимањето на истата ќе бидат наменети во хуманитарни цели.

Во првата емисија ќе гостуваат младите таленти од Струмица, додека во секоја наредна емисија свое учество ќе земаат и познати македонски музички имиња, меѓукои ќе ги вброиме Данијел Кајмакоски, Боби Мојсовски, Тајзи… и многу други. Емисијата ќе биде постирана на глобалниот интернет канал You Tube. Музика24 на своите нови колеги им посакува успешна работа, успешно остварена цел и секако, многу успешни и гледани емисии.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: