Рамстор ве поканува на концерт на Елена Ристеска

Во прв ред

Под мотото “Шопингот одлично звучи во Рамстор Мол”, трговскиот центар Рамстор Мол на 9-ти мај, сабота во 17 часот, ви го најавува концертот на популарната македонска поп пејачка Елена Ристеска, девојчето кое го паметиме по многубројните хитови во минатото и кое одлично не претстави пред евровизиската публика. По подолг временски период конечно ќе ја имаме привилегијата да се дружиме и во живо да може да ја слушнеме оваа наша одлична пејачка, во која веруваме сите вие ќе уживате.

Elena Risteska_koncert ramstore mallОсвен овој концерт, Рамстор секоја сабота подготвува низа музички настани и перформанси кои ќе го привлечат вашето внимание. На 16-ти мај најавен е настап на музичко дуо, 23-ти мај е ден кога ќе се посвети малку време на џез музиката, додека на 30-ти мај е најавен соло гитарист.

Elena RisteskaДоколку сакате барем малку да се отргнете од секојдневието и вашиот викенд, саботен ден да го исполните со нешто убаво и позитивно, ви ги препорачуваме горе наведените музички настани и случувања кои ќе бидат дел од нашиот град во идниот период.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели