По распродажбата на влезниците за “Аква Парк Фест”, од денес понеделник 20-ти мај стартува вториот контингент влезници кои во претпродажба ќе се продаваат по цена од 500 денари за еднодневните и 800 денари за дводневните влезници. Организаторите од Пасворд продукција ги известуваат сите посетители на “Аква Парк Фест”, дека оваа цена ќе важи само во претпродажбата или се до одржувањето на фестивалот, односно 24-ти и 25-ти мај, кога билетите на влезот на “Аква Парк Фест” ќе бидат достапни со полна цена од 600 и 900 денари, соодветно на типот на влезници.
За Аква Парк Фест се продаваат еднодневни и дводневни влезници, а сите тие воедно вклучуваат и бесплатно користење на Аква паркот и водените атракции за денот за кој ја купувате влезницата, како и бесплатен камп простор на фестивалот. Билетите во претпродажба можат да се купат во продажните салони на One низ Македонија, продажните салони на Office Plus и продажната мрежа на МКтикетс (Југотон, ГТЦ – Скопје), но и онлајн преку МКтикетс.
Подготви: Редакција Музика24