Во прв ред

Се е подготвено за вечерашниот концерт на Дино Мерлин во Кошево (Фото)

По многубројните концерти низ Балканот, како и последниот кој што се оддржа во Прилеп по повод оддржувањето на 13-то издание на Фестивалот на скарата и пивото “Пивофест”, одбројувањето до еден од најголемите музички случувања веќе е при крај. Дино Мерлин вечерва ќе настапи на најголемиот босанско-херцеговачки стадион, а ќе дочека повеќе од 60.000 илјади фанови од цела Босна и Херцеговина, како и од соседните земји, но и од Европа.

Dino Merlin_koncert kosevoМенаџерскиот тим на Дино Мерлин последните две недели на големо се подготвуваше околу плановите и активностите во врска со вечерашниот концерт на Кошево. Повеќе од 200 луѓе работат на овој голем проект, ја поставуваат бината, а моментално на местото на настанот се професионални екипи од Белград, Љубљана, Заграб и Сараево.

Dino Merlin_koncert kosevoКако што ексклузивно за Музика24 информираат организаторите на овој навистина голем спектакал, концерт што со денови и денови се очекува, вечерва ќе биде користено најмодерното озвучување во овој дел на Европа кое што е користено и на последното издание на Евровизија кое што се оддржа во Виена, Австрија. За концертот исто така е ангажирана и филмска екипа од Белград која е составена од 30-на професионалци, екипа која што го реализираше и снимаше концертот на Дино Мерлин во Белград во 2011-та година. Концертот кој вечерва ќе се оддржи, ќе се снима кој потоа секако ќе биде издаден на ДВД издание за сите оние кои ќе бидат дел од вечерашниот концерт да имаат во иднина и спомен од истиот.

Dino Merlin_koncert kosevoСе финишираат последните проби, а екипата работи неуморно 24 часа за се да биде вечерва беспрекорно и совршено. Во меѓувреме добивме и информација дека речиси сите карти се распродадени за концертот за кој Сараево вечерва живее. Од денес, освен последните билети, на Кошево ќе се продаваат и маици со испишани стихови од песните на Мерлин, како и маички од лимитираната едиција “Хотел Национал – Кошево”.

Концертот кој што мега популарниот Дино Мерлин вечерва ќе го оддржи во склоб на турнејата “Хотел Национал” на стадионот Асим Ферхатовиќ Хасе на Кошево, ќе биде неговиот четвртти концерт на овој стадион.

За Музика24 од Кошево, БиХ: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: