Се одбројуваат деновите до стартот на “Охрид фест”

Во прв ред

Досега на неколку наврати ве известувавме и информиравме за сите случувања кои беа поврзани со интернационалниот наш македонски фестивал “Охрид фест”. Дојде и тој ден, во среда на 21-ви август стартува 20-то јубилејно издание на “Охрид фест”, а во него мнозина музички случувања, гости, изненадувања… и се така склопено во четири фестивалски дена. Во интервјуто со директорот на организација на фестивалот Џими беа кажани многу работи кои што оваа година ќе се случуваат и ќе имате можност да ги проследите на овогодинешното 20-то издание. Припремите се веќе во тек…

Доколку сте во Охрид или патот ве носи натаму, задолжително посетете го овој фестивал кој оваа година има смената локација, интересни водители, познати македонски и балкански музички имиња… Но да не откриваме многу… Екипа на музичкиот портал Музика24 четири дека ќе биде на местото на настанот и како еден од медиумските покровители, редовно ќе пишува, ќе ве известува за се она што ќе се случува пред, за време на фестивалот и по неговото одржување. И да не заборавиме, картите се веќе пуштени во продажба и истите можете да си ги набавите во кафе бар Ликвид и ланч Бар Објектив. Посетете го Охрид и “Охрид фест”.

Се гледаме во Охрид!

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели