Скандал: МБК Продукција му забрани на Даниел да се појави на скопскиот концерт (Фото)

Во прв ред

Даниел Кајмакоски нема да гостува на специјалниот концерт кој Кики Лесендриќ го организира заедно со “Пилоти”, а беа најавени и ѕвездите на “X Factor Adria”. Ова е официјалното соопштение кое пристигна до нашата редакција од МБК продукција која ја има лиценцата за ова регионално тв шоу. Во прилог е нивното соопштение во целост :

“По демантот по повод концертот на Кики Лесендриќ и групата “Пилоти” закажан за 14.03.2014-та, во спортската арена “Борис Трајковски”, кој МБК продукција го испрати и нагласи дека не станува збор за концерт на финалистите на “X Factor Adria”, поедини македонски медиуми, а и на официјалниот сајт за продажба на билети на организаторот на концертот Балкан Медија, се уште се најавува како концерт на Кики и “Пилоти” заедно со финалистите на ова шоу.

МБК Продукција поради новонастанатата ситуација одлучи на споменатиот концерт како специјални гости да присуствуваат финалистите нa “X Factor Adria”, но само од групата на Кики Лесендриќ: Тамара Милановиќ, Илма Карахмет и Александра Брковиќ, поради веќе воведената пракса секој ментор да ги промовира своите кандидати.
kiki-i-zvezdite-x-factor-faktor-650x458Споменaтите финалисти ќе го поддржат концертот на Кики Лесендриќ, а оваа можност ќе ја искористат да ги повикаат сите љубители на ова популарно шоу да дојдат на спектакуларното финале во Комбанк Арената во Белград кое ќе се одржи на 23-ти март. Покрај многубројните прашања на новинарите и обожавателите на ова музичко шоу, ја известуваме јавноста дека музичката турнеја на финалистите на “X Factor Adria” ќе се одржи по завршувањето на првата сезона на најпопуларното музичко шоу на Балканот, во април месец оваа година”, истакнуваат во соопштението од продуценската куќа, организатори на ова најгледано регионално шоу.

Ова соопштение доаѓа по прес конференцијата која се одржа минатата недела, а на која беше најавен и потврден Даниел како гостин на концертот, заедно со “Доктори”, Лукијан и некои од другите кандидати на шоуто. Ова е и офицјалниот плакат кој беше испратен до нашата, а и до сите останати редакции. Зарем не е сомнително што сега, по сите написи за недоаѓањето на Даниел на прес конференцијата пристигнува оваа соопштение, откако добро се испромовира концертот и билетите се продаваат како “алва”.

На МБК продукција белким не им требаа седум дена за да ги кажат правилата на гостување и сега одеднаш да се сетат дека Даниел и останатите не може да гостуваат зошто Кики не е нивен ментор. Ако ги знаеа правилата, зошто не ја донесоа одлуката тогаш? Очигледно во меѓувреме се случило нешто поинакво. Нашите извори велат дека претставници на организаторот на концертот во Скопје, Балкан Медија, утре имаат закажан состанок во Белград со организаторите на шоуто на кој ќе се преговара дали и кој се ќе пее на скопскиот концерт.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели