“Skopje Street Festival” по шести пат во Градски парк (Фото+Видео)

Во прв ред

Стартувајќи на 08- ми јуни петок со почеток во 17.00 часот, во Градски Парк по шести пат, ќе се случи “Skopje Street Festival”. Фестивалот е отворен без карти, и оваа година вклучува пет стејџа: графити, стрит бол помеѓу познати скопски кафулиња, денс стејџ, музички стејџ, отворени до 09-ти јуни, 01.00 часот. Организатор е агенцијата за организирање настани “Подиум”.

Организаторите најавуваат одлично шесто издание, со огромен број на креативни, забавни и едукативни концепти, врзани на една платформа која урбано го буди Скопје. “Skopje Street Festival” во изминатите шест години беше домаќин на повеќе од 200 артисти од Македонија, регионот, а и од светот и повеќе од десетици илјади посетители.

На ова шесто роденденско издание на главен музички стејџ ќе имаме можност да ги видиме Funk Shui, САФ со 20 години Скопска Ситуација и виртуозниот продуцент Кирил Џајковски заедно со MC David Lion. Програмата е надополнета со супер листа на македонски диџеи меѓу кои: Чваре, Маци, Флудер, Мартин Војдановски, Страјк.

Не го пропуштајте шестото издание на единствениот “Skopje Street Festival”.

Подготви: Виолета Трајковска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели