Во прв ред

Слаткаристика и пријателите со концерт во Дојран

Слаткаристика и Иноватива Груп Ви го најавуваат концертот во Дојран “Slatkaristika & Special friends”, закажан на 01-ви август на плажата Алекс. Овој настан е одлична можност за сите посетители на Дојранското езеро да се забавуваат и вечерта пред најголемиот национален празник во Македонија. Концертот нуди одлична програма и широк музички репертоар. Заедно со Слаткаристика, како негови специјални гости односно пријатели ќе настапат Тајзи, Бугарската R’n’B сензација Бобо познат по песната “Дим да ме њама”, таткото на македонскиот хип-хоп Да Џака Накот, и најдобриот саксофонист Ферус Мустафов. Како загревање на овој музички настан ќе настапат и Аце НЛ и DJ Че. Цената на билетите изнесува 150 денари и истите може да се набават вечерта, на самиот влез.

SlatkarPosterDojranПодготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: