Во прв ред

ТВ Шоу: Стартуваат аудициите за третата сезона од “Пинк ѕвезди” и “Пинк ѕвездички”

Како и минатата година, така и оваа, кон крајот и финализирање на веќе постоечката сезона која се емитува, Пинк телевизија најавува нови аудиции за новата трета сезона од познатите тв шоу-а “Пинк ѕвезди” и “Пинк ѕвездички” кои ќе стартуваат од месец септември, со почетокот на новата работна тв сезона.

Веќе е познато дека националната Сител телевизија ги емитува овие две тв шоу-а, а така ќе биде и следната сезона, како што дознава Музика24 екскузивните права за емитување и на новите сезони на територијата на Република Македонија ги има откупено ТВ Сител.

Аудициите за новите сезони и за двете шоу-а ќе се одржат овој месец во повеќе градови во регионот. За македонските идни ѕвезди и ѕвездички кои сакаат да го покажат својот талент во пеење, еве шанса да го сторат тоа.

На 27 јуни понеделник во просториите на Сител телевизија со почеток во 13 часот ќе се одржат аудициите за новите македонски ѕвезди и ѕвездички на Пинк. А дотогаш уживајте во последните финални емисии на вторите сезони од “Пинк ѕвезди” и “Пинк ѕвездички”.

Од месец септември, со започнување на следната сезона, Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ќе започне со активно следење и информирање во врска со се она што се случува во горе споменатите тв шоу-а.

https://www.youtube.com/watch?v=I4hL0HXGN8o

Текстот го подготви: Марија Поповска / ТВ Пакет

Можеби ќе ве интересира: