Светската музичка ѕвезда Rag ‘N’ Bone Man доаѓа во Скопје (Фото)

Во прв ред

 

Авалон продукција оваа година уште еднаш сите не изненадува, тие со огромно задоволство ви ја најавуваат најактуелната светска музичка ѕвезда во моментов, еден од највозбудливите и најспецифични вокали на денешницата, Rag ‘n’ Bone Man доаѓа во Скопје, на голем концерт во арената “Борис Трајковски” на 11-ти мај. Добитникот на BRIT и Echo наградите, Rory Graham (aka Rag ‘n’ Bone Man) идната година оди на Grand Reserve турнеја која опфаќа 20 земји од Европа, на која на големо задоволство успеавме да го потврдиме и Скопје.

Rag ‘n’ Bone Man неодамна го издаде својот албум првенец со наслов “Human”, кој уште во првата недела се продаде во преку 117.000 илјади примероци и така стана најбрзо продаван деби албум од музички изведувач на деценијата. Хит синглот “Human” кој излезе во јули минатата година, буквално ја размрда музичката сцена и се искачи на врвот на светските топ листи дури во 33 земји, а во моментов има 367 милиони прегледи на YouTube. Покрај тоа што Rag ‘n’ Bone Man годинава се закити со две BRIT награди, неговите турнеи во Европа и Британија се постојано распродадени.

Инаку, со концертите на ТОТО, Rag ‘n’ Bone Man, како и уште многу други ексклузивни концертни настани предвидени за идната година, започнува големата прослава на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон Продукција.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели