Тајзи и Спејко специјални гости на концертот на Раста и Ана Николиќ во Скопје

Во прв ред

За само неколку дена ќе се случува вистински спектакл, големиот концерт на Ана Николиќ и Раста во Скопје. На 16-ти февруари (петок), во Вип Арената “Борис Трајковски” публиката може да очекува добра забава и многу изненадувања.

Едно од изненадувањата кое го најавија организаторите, Балкан Медиа, се специјалните гости на концертот, а тоа се Тајзи и Спејко. Сите кои сеуште немаат набавено билети, треба да побрзаат, бидејќи следува еден спектакл со многу изненадувања, сценски ефекти, танчерки… Билетите може да се набават преку продажната мрежа на kupikartizase низ цела Македонија, во Пола Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели