Во прв ред

Таксират 15 – фестивалско лудило (Фото)

Во двете хали на Метрополис арената фестивалот “Таксират” повторно беше збирно место на илјадници луѓе од Македонија, но и од околните земји, кои придонесоа на најпозитивен начин да се затвори концертната фестивалска агенда на 2013 година. Вчерашнотo “Таксират” доживување беше и финално одбележување на славеничката година на фестивалот во чии знак се одржаа повеќе музички настани.

Таксират 15Фестивалската фешта започна уште со настапот на панк групата “Лоши Деца”, а потоа еуфоријата која ја наметнаа “The Exploited” со исклучителниот концерт, не стивна до крајот на фестивалската вечер. Преку одличните концерти на “Мајке”, ЛД Пистолеро и Гоце Саф, експлозивните и бунтовни “Bernays Propaganda”, Самоил Радински, неуморливите и енергични “The Locos”, атмосферата дојде до најголемото вжештување, кое годостигна врвот за време на настапот на неверојатните “Дубиоза Колектив”. Вечерта неуморно заврши со концертот на “Београдски Синдикат” и потоа журката во “Денс Арената” со Dennis Ferrer и Carl Craig.

Таксират 15Според квалитетот кои го презентираа артистите кои беа дел од јубилејот, оставајќи го и последниот атом енергија на бината, како и реакциите на публиката, “Таксират 15” беше едно од подобрите изданија на фестивалот досега.

Taksirat15_3Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: