“ВиноСкоп 2017”: Покрај вечерната програма, збогатен и со “after work” забави и викенд матине

Во прв ред

Овогодинешниот “ВиноСкоп” ќе се одржи од 20-ти до 24-ти септември, а за посетителите традиционално ќе понуди уникатно винско доживување. Локацијата на фестивалот – плоштад “Мајка Тереза” (пред МОБ) е идеално место и за дневни “after work” забави кои ќе започнуваат во 17:00, а за време на викендот, посетителите ќе може да уживаат во дегустација на сортни вина и деликатеси од 12:00 на пладне. Во овој период од денот, винариите ќе имаат специјални промотивни цени за сите љубители на доброто вино и вкусните македонски деликатеси. Во вечерните часови ќе има музика за сечиј вкус, почнувајќи од џез и блуз, етно, свинг, фолк, рок, поп и ретро.

Ова е 12-то издание на најпознатиот македонски вински фестивал, а по вторпат се одржува на плоштадот “Мајка Тереза”, локација која што минатата година се покажа дека е навистина одлична за фестивал кој го слави пијалокот на боговите. “ВиноСкоп” по 12-ти пат е поддржан од Град Скопје. Да ја продолжиме традицијата, да ја дочекаме есента заедно!

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели