Влатко Стефановски ќе настапува со Битолскиот камерен оркестар

Во прв ред

Центарот за култура – Битола, кој е покровител на работата на Битолскиот камерен оркестар најави соработка на овој оркестар со македонскиот виртуоз на гитара, Влатко Стефановски. Според најавите, Стефановски и Битолскиот камерен оркестар ќе одржат два концерти. Првиот ќе биде на фестивалот “Охрид­ско ле­то”, а вториот ќе се одржи во Битола.

“Настапите со македонскиот култен гитарист Влатко Стефановски за камерниот оркестар на Битола се голем предизвик, а верувам ќе се одржат на големо задоволство на публиката, која го следи меѓународниот фестивал “Охрид­ско ле­то” и секако публиката во нашиот град. Камерниот оркестар ќе има и меѓународна регионална турнеја во Србија и Босна и Херцеговина, односно во Ниш ќе настапи на фестивалот “Нишвил”, а во Сараево ќе настапи на “Башчаршиски вечери”, изјави Борче Димитровски, Директор на Центарот за култура – Битола.

Подготви: Филип Етмишовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели