Во прв ред

Влатко Стефановски оддржа концерт во Виена (Фото)

Познатиот македонски гитарист Влатко Стефановски неодамна оддржа свој соло концерт во театарот “Акцент” во Виена. Од Амбасадата на Република Македонија во Виена информираат дека концертот на Влатко Стефановски, на нивна покана, го следеле повеќе претставници од дипломатскиот кор и од австриското Министерство за надворешни работи.

Како што дознава Музика24, нашиот музичар и гитарист Стефановски имал и виртуозни изведби на обработки и импровизации на познати македонски народни песни и ора, а публиката со стоечки овации и бурен аплауз три пати го враќала на сцената. Нашиот познат гитарист наскоро ќе оддржи и неколку концерти и во Австралија.

Подготви: Марија Поповска

 

Можеби ќе ве интересира: