Во јуни отворање на второто издание на “One love tour”

Во прв ред

После успешното прво издание, организаторите на големо го подготвуваат и второто издание на македонско-бугарскиот музички фестивал “One love tour”. Како што не информираат, големото отворање на второто издание на фестивалот започнува во Скопје. На него и овој пат целодневна презентација на најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и кулинарските традиции меѓу Македонија и Бугарија.

Настани, поделени по нивниот стил, насочени кон различни профили – семејства со деца, активни млади луѓе и софистицирани возрасни групи. Како музички учесници оваа година на отварањето се најавени: Златно Славејче, Љубојна, Ансамбл Булгаре, Деси Добрева, Сашко Коцев, Фолтин, Графа, Next Time и Слаткаристика. Не заборавајте, 16-ти јуни во Градскиот парк во Скопје. Влезот е слободен.

Подготви: Марија Поповска

 

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели