Во октомври голем концерт во чест на Тоше Проески

Во прв ред

Како што дознава музичкиот портал Музика24, фондацијата “Тодор Проески” на 13-ти октомври ќе организира голем концерт во ВИП арената “Борис Трајковски” на кој што учество ќе земат голем број на македонски и балкански музички ѕвезди, а истиот се организира во чест на Тоше Проески. Одтаму додаваат дека подготвките се во полн ек и дека уште е рано да се откриваат детали за концертот, за што сите се нестрпливи и љубопитни што и како ќе се случува и кои се музички имиња ќе настапат на сцената.

Меѓудругото, нашата редакција дознава дека веќе се подготвуваат три видеа (видео спотови), од кој едниот е веќе снимен во Македонската филхармонија, вториот во студио, а третиот во родниот град на Тоше, Крушево. На концертот ќе се промовира и четвртиот постхумен албум на Тоше со наслов “Secret Place” кој содржи вкупно 10-на песни на англиски јазик. Четвртиот постхумен албум е работен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт, а на истиот една од песните е на внукот на Тоше, младиот Кристијан Ристески.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели