Започна четвртото издание на Фестивалот на трубите во Пехчево (Фото)

Во прв ред

На летната сцена на градскиот плоштад во градот Пехчево, пред два дена започна четвртото издание на Фестивалот на трубите 2014. Во присуство на илјадници гости и посетители од Малешевијата и пошироко, изминатите два дена се одржаа првите две фестивалски вечери кои беа исполнети со многу богата музичка програма, како и официјалниот натпреварувачки дел.

Првата фестивалска вечер беше официјално отворена од мажоретките од Благоевград и Симитли, Република Бугарија, а со своја изведба присутната публика ги развесели ансамблот “Танец” и КУД “Јане Сандански” од Пехчево, минатогодишниот победник на фестивалот во Пехчево Уска Кан и оркестарот од Сурдулица Р.Србија, како и настапот на фолк ѕвездите Анета и гр. Молика. Инаку, фестивалот за отворен го прогласи градоначланикот Г-дин Игор Поповски кој истакна дека општината и оваа година е организатор на единствениот фестивал во Република Македонија посветен на традицијата на дувачките инструментии оркестри кој како цел има да ја сочува оваа традиција, да ја долови виртуозноста на инструменталистите и да овозможи афирмација на оркестрите кои секогаш умеат да направат добра забава.

Festival na duvackite orkestri Festival na duvackite orkestriВтората пак фестивалска вечер, беше отворена од страна на децата од детската градинка “7 септември” кои се претставија со своите настапи, потоа на сцената се појавија младите од Пехчево кои пред присутната публика се претставија со свој избор на песни, а веднаш потоа на сцената дувачките оркестри Берхан од Штип, Дурак од село Црник, Пехчево и Уска Кан од Берово. Трите дувачки оркестри пред публиката имаа по 20 минути можност да се претстават, а задаложително беше секој од нив да го отсвири Малешевското оро. По официјалниот натпреварувачки дел, втората фестивалска вечер продолжи со забава каде што присутните ги забавуваа Агушеви, а потоа со своите песни ги расположи и познатата фолк пејачка Катерина Таневска и групата “Нели ти реков”, забавата за младите траеше до раните утрински часови со Dj Ti Si и Dj Марек од Р.Бугарија.

Festival na duvackite orkestri Festival na duvackite orkestriФестивалот на трубите во Пехчево, претставува единствен фестивал од ваков тип во Република Македонија. Тој ја запишува својата четврта година од своето постоење, каде со квалитетот на инстументалистите се наметнува како сериозна конкуренција на дувачките оркестри кои настапуваат на интерационалниот фестивал на трубите во Гуча, соседна Србија. Членови на жирито на овогодинешното четврто издание на Фестивалот на трубите се: Васил Ристов – Професор по музичко образование во Пехчево, Илчо Јорданов – Декан на Музичакта академија во Штип и Александар Бараков – Наставник по музичко образование во Пехчево.

Вечерва во Пехчево продолжува третата фестивалска вечер од Фестивалот на трубите. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 е единствениот музички медиум кој е медиумски покровител на овој голем музички настан.

За Музика24 од Пехчево: Лепа Стоилкова и Стана Јосимовска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели