Специјализираниот македонски музички портал Музика24, на македонскиот интернет простор постои од 1-ви декември 2011-та година, кога се почуствува поголема потреба за афирмативно електронското анимирање на онаа читателска публика која веќе наголемо ги следеше технолошките придобивки на новиот век и која во брзиот начин на коресподенција се почесто го користеше интернетот како информативна опција.

Идејна опција беше да се следи пред се македонската музичка сцена и се она што е актуелно или надежно, но истовремено и да се негуваат потврдените вредности преку кои не препознаваат насекде во светот. Следејќи ги импулсите на современото времетечение се прошири концептуалната потреба и Музика24 стана портал кој со ист интензитет ги информираше своите читатели за балканската, но и светска музичка сцена селектирајќи ги информациите според актуелноста и барањата на својата читателска публика која недвосмислено ја координираше атрактивноста на самиот портал.

Новинарската и техничка екипа која е задолжена за овој портал, кој успешно функционира полни девет години како императив го има вкусот на помладата публика, а бидејќи музиката не познава бариери и ограничувања посебно се горди на тоа што овој портал го следат различни старосни групи на читатели, а на тој начин добиваат и нови препораки на кои се особено горди. Младиот тим на новинари кои со невидена страст и ентузијазам ја започнаа оваа приказна пред 9 години во изминатиов период постојано беше присутен на сите јавни настани во земјата и регионот следејќи ги од прв ред и информирајќи ја својата публика навремено и точно.

Основните новинарски постулати да се биде секогаш на време на лице место на настанот и да се информира читателот реално и без прикриена позадина, беа и останаа основен кодекс според кој функционира овој портал. Се чини дека тоа го препознаа и посетителите, па така се повеќе се остварува интерактивниот пристап со кој и полесно се следат желбите на читателите.

Музика24 својата релевантност ја има потврдено и со медиумското покровителство на повеќе музички настани како што е “Пивофест”, “Охрид Фест”, “Макфест”, “Гастромак”… итн. Постојаното музичко делување на групи и поединци, творењето и делувањето на музичките актери го предизвикуваат овој портал и понатаму да биде еден од најсеопфатните и уважени музички портали во регионот и постојано да се надоградува во технолошка и естетско-функционална, но и информативна смисла како гласило кое е во функција на своите корисници. Музика24 и понатаму останува посветен на музиката и на сите радости што таа со себе ги носи.